Македонските репрезентативци и интернационалци кои се во Серија А денеска ги очекува нов предизвик.

Горан Пандев со Џенова го дочекуваат Сасуоло во 8 коло, поранешниот капитен на Македонија е најавен на клупата за резерви.

 

Елиф Елмас од 18 часот со Наполи ги очекува дуелот со Торино. Елмас исто како и Пандев не е меѓу стартерите за својот тим.

 

Во дербито на денот, Јувентус е домаќин на Рома а ова се можните почените 11 на двата тима.

Несторовски кој е повреден не е во ростерот на Удинезе, но се очекува да се врати на тренинг на почетокот од следниот месец.