Овој викенд, македонските фудбалски репрезентативци кои настапуваат во Серија А ги очекуваат последните натпревари пред репрезентативните обрски.

Капитенот Горан Пандев утре ќе го пречека Милан во натпревар од 7 коло од Серија А. Пандев е најавен на клупата за резерви.

Илија Несторовски по шансата во почетната единаесетка во победата против Болоња во минатото коло, во недела шансата ќе ја чека од клупата во на гостувањето кај Фиорентина.

Како што предходно најавивме, Елиф Елмас најверојатно ќе биде дел од почетниот тим на Наполи на гостувањето кај Торино.