Македонските репрезенативни напаѓачи Горан Пандев и Илија Несторовски нема да бида дел од почетните состави на Џенова и на Удинезе за дуелите со Верона односно Болоња во вонредното 4 коло од Серија А.

Нашиот капитен, Пандев е најавен меѓу резервистите за натпреварот меѓу Џенова и Болоња закажан за во средa од 21 часот.

Несторовски по оние 5 минути против Бреша, одново ќе ја чека својата шанса во текот на мечот на гостувањето кај Верона. Удинезе утревечер од 19 часот брка четврта победа во низа против Верона во Серија А.