Тројцата македонски репрезентативци денеска со своите клубови имаат средби од 23 коло во калчо лигата.

Елиф Елмас не е во комбинација кај Наполи поради суспензија од еден натпревар поради жолти картони. Наполи денеска се среќава со Лече од 15 часот.

Во истиот термин, Џенова го пречекува Калјари, Горан Пандев не е најавен во почетниот состав, шанса ќе чека од клупата за резервни играчи.

Илија Несторовски со Удинезе гостува кај Бреша, и оваа средба се игра од 15 часот, македонскиот репрезентативец исто така чека минутажа од клупата за резервни играчи.