Андриј Шевченко е нов тренер на Џенова, објави клубот на социјалните мрежи, Горан Пандев добива нов тренер откако Давиде Балардини доби отказ.

Украинецот се враќа во Италија како тренер, долго играше за Милан од 1999 до 2006 година, на клупата на Џенова доаѓа по селекторската позиција која ја имаше во националниот А-тим на Украина.