Џенова во 10 коло од Серија А ја очекува тешкото гостувањето кај шампионот Јувентус. Осоколени од триумфот над Бреша и охрабрувачките зборови на новиот тренер Тиаго Мота, гостите посакуваат барем бод од дуелот со фаворитот.

Горан Пандев е најавен меѓу почетниоте единаесет во офанзивна формација од 4:3:3. Тиаго Мота најави дека посакува неговиот тим да игра фудбал, а не да чека шанси од контри и од прекини и тоа планира да го спроведе во Торино.

За Јувентус во почетниот состав се враќа Кристијано Роналдо па амбицијата за победа е логична и очекувана во тимот на Сари.

Пандев во победата против Бреша од 3:1 постигна ефектен гол што беше доволна препорака за Мота дека нашиот капитен сеуште има што да каже во Италија.