Капитенот на Македонската репрезентација Горан Пандев се огласи на својот инстаграм профил по лошите вести за Несторовски  и информацијата дека напаѓачот на Удинезе  го пропушта ЕВРО 2020.

Напаѓачот на италијански Удинезе се повреди на тренингот на својот клуб пред некој ден, а денес по деталните лекарски прегледи во Рим беше констатирано повреда на лигаментите што ќе значи операција и подолга пауза.

„Форца, брате мој. Те познавам долги години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен“,изјави Пандев