По долга низа години, Интер успеа да ја освои Серија А, и со тоа да го симне Јувентус од долгогодишниот трон.

Во изјава за „Газета дело спорт“, македонскиот репрезентативец, Горан Пандев на својот поранешен клуб му го честиташе остварениот успех.

„Честитки до Интер, време беше да ја освојат титулата. Тие го заслужија тоа и ги израдуваа навивачите“, посочи Пандев.

За потсетување, нашиот репрезентативен капитен, беше дел од сега новиот шампион Интер во периодот од 2009. до 2012. година, и тогаш го освои со нив скудетото, како и Купот и Лигата на шампионите.

Пандев настапуваше за Интер од 2009 до 2012 година, со кој ја освои Серија А во сезоната 2009/10, а тогаш триумфираа и во Купот и во ЛШ.