Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев е во стартните 11 за тимот на Џенова кои и гостуваат на  Парма во рамки на Серија А.

Она што треба да се издвои е тоа што Пандев на денешниот меч ќе ја носи капитенската лента за Џенова на која и требаат очајно бодови за што поскоро да се одалечи од опасната зона која носи испаѓање во Серија Б.