Андриј Шевченко најави дека ќе стори се што може за да постави тактика со која Џенова ќе се бори против Милан за бодови во натпреварот од 15 коло од Серија А.

Според најавите од Италија, Горан Пандев ќе биде дел од почетниот состав на Џенова за дуелот со „Росонерите“.

Елиф Елмас и Наполи гостуваат кај Сасуоло, но нашиот репрезентативец е најавен меѓу резервистите.