Вечерва во Серија А се играат две средби, Торино го пречекува Лацио, додека Џенова е домаќин на Јувентус.

Натпреварот меѓу шампионот на Италија и Џенова е поинтересен за нас, Горан Пандев ќе има нова шнаса за голови против „старата дама“…

Сепак нашиот капитен на репрезентецацијата не е најавен меѓу стартерите на Џенова, средбата ќе ја започне од клупата за резерви, но според досегашната пракса, Пандев извесно е дека ќе добие минутажа.

Пандев  ќе има нова средба со легендарниот Буфон, постигнуваше голови како играч на Лацио и Наполи, па сега се надева тоа  да го направи и како член на Џенова, сепак и двајцата се наклупата според најавата на Газета Дело Спорт.

Џенова се бори за опстанок, Јувентус за титула и ова ќе биде супер интересен натпревар, започнува од 21 и 45 часот.