Академија Пандев нема победа на последните 5 натпревари во ПМФЛ па поради ова покрај вообичаените желби, на денешната прослава на роденденот на популарниот Југо во Струмица се посака и победа против Вардар во недела на „Младост“.

„Среќен Роденден на шефот на стручниот штаб на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, кој денес полни 43 години. Играчите му приредија пријатно изненадување со роденденска торта. Ние му посакуваме многу здравје и успеси во кариерата, а шефот за роденденски поклон си ги посака трите бода во недела!“ – велат од Академија Пандев.

Освојувачот на Купот на Македонија и покрај лошата низа резултати е на второто место со 27 бода има три бода повеќе од Шкендија а пет бода помалку од лидерпот Вардар.