Крилниот напаѓач на Партизан, Филип Стевановиќ кој има само 18 години ги мина лекарските прегледи кај Манчестер Сити и тој е нов играч на гигантот од Англија.

Партизан го потврди трансферот, Стевановиќ како играч на  Сити ќе биде официјализиран во јануари, но ќе игра за екипата од Белград до крајот на сезоната.

Клубот од Белград се реши на продажба на својот бисер, и ќе заработи богатство, медиумите од Србија информираат дека сумата изнесува меѓу 6-8 милиони евра, официјална потврда нема.