Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (80) е во стабилна состојба, ова го тв4рдат одгворните лица од  болницата во Сао Паоло.

Пеле беше опериран овој месец, каде претходно му беше извршена операција за отстранување тумор од дебелото црево и до вторникот беше на одделот за интензивна нега.

Бразилецот се огласи преку Инстаграм, вели дека е добро.

„Пријатели, се уште се опоравувам многу добро. Денеска ме посетија членови на семејството и продолжувам да се смеам секој ден. Ви Благодарам за цела љубов која ја добивам од сите вас“ – напиша славниот Пеле.