Македонскиот фудбалски прволигаш, Пелистер денеска го потврди најновото засилување во нападот .

Станува збор за интернационалецот од Гана, Принц Апонсах кој потпиша договор до јуни 2022 година.

„Многу сум среќен што сум тука. Сакам напаѓачки фудбал, играм на офанзивните позиции. Задоволен сум што дојдов во Пелистер, сакам да им покажам на фановите и на тимот што можам. Не знам многу за екипата, но имав време додека да дојдам во Македонија, па на Интернет гледав натпревари на Пелистер. Луѓето во клубот се љубезни, исто и соиграчите. Задоволен сум што сум тука“ – изјави Принц Апонсах.