Хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ наскоро ќе ја комплетира позајмицата во Баерн Минхен.

Напаѓачот на Интер пристигна во Германија, денеска ги помина лекарските прегледи по што ќе потпише едногодишен договор со „Баварците“.

„Само што ги завршив лекарските прегледи. Ќе дадам се од себе за Баерн.“ – изјави Перишиќ.

Баерн Минхен ќе му плати на Интер 5 милиони евра за едногодишната позајмица со можност да го откупи во целост договорот на Перишиќ за 25 милиони евра.