Интер му дозволи на Иван Перишиќ во новата сезона да игра во Баерн Минхен како позајмен играч.

Хрватот денеска ја имаше официјална промоција во дресот на „баварците“ кои на Интер му платија 5 милиони евра за едногодишната позајмица.

Ако до крајот на новата сезона сакаат да го откупат во целост договорот на крилниот напаѓач на Интер ќе треба да му платат 20 милиони евра.