Англиски „Мирор“ тврди дека ПСЖ нема да се договори со Мбапе за продолжување на соработка, договорот му завршува следната година, а пет клуба веќе се во преговори со неговиот менаџер.

Мирор јавува дека Мбапе е желба на три клуба од Англија, по еден од Италија и Шпанија.

Англиските, Ливерпул, Сити и Јунјатед се трите клуба кои се во трка за потписот на Мбапе. Од Италија стигнува вест дека Јувентус сака да се ослободи од Роналдо а на негово место да го донесе Французинот, вообичаено француските фудбалери имаат „навика“ да играат во Италија и тоа во Јуве.

Од Шпанија, Реал Мадрид веќе подолго време го брка Мбапе, тоа е последниот клуб кој е на листата од вкупно 5 кои во моментот се борат на трансфер берзата за Французинот.

Секако сумата која ќе мора да ја издвојат е голема, вкупната „операција“ ќе тежи над 350 милиони евра, тврди Мирор.