Вистинска трагедија се случи во Нигерија, откако во автобусот на фудбалскиот клуб Ифани Уба беше пукано страна на криминалци.

Од последиците на куршумите беа повредени фудбалери и возачот, кои веднаш беа пренесени во болница. Ова не е првпат да се случи ваков немил настан. Претходно, пред пет години на идентичен начин беа нападнати фудбалерите на Кано Пиларс.

Robbers Attack members of Ifeanyi Ubah Football Club in Kogi state near Lokoja by armed gang wearing NYSC uniform. The…

Gepostet von Akwaugo1 of Wazobia am Freitag, 29. November 2019

Повредените лица во моментот се лекуваат и се под третман на докторите. Ние сакаме да го искористиме ова за да апелираме до Федералната влада, како и регулаторните тела на фудбалот, за понатамошно интензивирање на мерки за да се обезбеди безбедност на тимови кои честопати немаат друг избор освен да патуваат на долги растојанија“, стои во соопштението на клубот.

Тимот патуваше цели 822 километри од Онитша до Кано.