Барселона потврди дека ги продолжи договорите со четворица првотимци под нови услови, наметнати од финансиската криза во клубот.

Првиот голман Тер Штеген потпиша до 2025 година, Жерард Пике до 2024 година. Де Јенг се согласи на нов договор до 2026 година исто како и Лангле.

Лионел Меси беше против потпишување на нови договори со намалени плати, па ова е само уште еден чекор кој потврдува дека Аргентинецот не ужива голема поддршка од соиграчите, особено по неговото барање да ја напушти Барселона ова лето.