Пивара Скопје и Скопско постигнаа договор со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство, што ќе се оддржи од 11. јуни со 11. јули оваа година.

Скопско како докажан пријател на спортот и нераскинлив дел од сите можни моменти од нашето живеење, пред и за време на првенството, интензивно се подготвува за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери во нивниот историски настап на едно големо фудбалско натпреварување. За таа цел, во соработка со ФФМ, ќе биде реализирана кампања под мотото „Заедно и се е можно“, во која составен дел е навивачката химна „Одиме на Европско“. Во создавањето и изведбата на навивачката химна, за која е креиран видео спот, учествуваат домашни музички ѕвезди обединети во бендот „Вис Рисови“.

 

 

Во насока на креирање вистинска навивачка атмосфера пред и за време на првенството на пазарот се лансирани и специјално дизајнирани Скопско и Скопско Смут лименки кои се посветени на фудбалот и македонската репрезентација. Продажбата на оваа специјална серија лименки започна од 26. април.

„Исклучително сме среќни што, како докажани партнери и поддржувачи на спортот, имаме можност да бидеме дел од оваа приказна која покрај спортскиот успех во себе содржи и голема националнагордост. Сигурни сме дека фудбалерите ќе дадат се од себе да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека кога се подготвени заедно да го дадат својот максимум на теренот, се е можно. А, ние ветуваме дека Скопско ќе биде со нив и дека заедно со многубројните фанови и целокупната јавност од се срце ќе ги бодриме. Веруваме дека, по сите неизвесни и тешки моменти со кои се соочуваме во овој период, нашите фудбалери со нивната игра и залагање, ќе не исполнат со радост и гордост“, истакна генералниот директор на Пивара Скопје, Гордан Сладиќ.

 

Претседателот на ФФМ пак, Муамед Сејдини во знак на благодарност на генералниот директор на Пивара Скопје му подари дрес со бројот девет.

„Ни претставува задоволство што нашата репрезентација и „Куќа на фудбалот“ денес добија нов партнер во името на Пивара Скопје. Не радува тоа што еден од најпрепознатливите брендови кај нас, славното Скопско станува дел од фудбалското семејство. Верувам дека заеднички ќе се радуваме на нови победи, со срце и душа ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме со „На здравје – за нови победи““, посочи Сејдини.