Елиф Елмас не само што ги импресионираше фудбалските познавачи во Италија и во Европа туку успеа да се наметне како незаменлив дел од ростерот на Карло Анчелоти.

Наполи викендов ќе му гостува на Лече во натпревар 4 коло од Серија А. Според најавата на медиумите од Апенините, Елиф Елмас по оние 16 минути против Ливерпул повторно ќе биде поставен во почетниот состав исто како и против Сампдорија во победата од 2:0 во 3 коло од Калчо Лигата.

Анчелоти ќе постави нешто поофанзивна игра, со Милик како најистурен во нападот а на крилните позиции се очекува да бидат Инсиње и Елмас.

Македонскиот репрезентативец од контролниот натпревар на Наполи со Барселона кога и дебитираше восино белиот дрес редовно добива шанса од Анчелоти.

Елмас, против Фиорентина и против Јувентус влегуваше во игра во завршните 15 минути а против Сампдорија го започна мечот и одигра 74 минути.