Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби со убедливи 1-5 од врсниците на Грузија во пријателски меч кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје.

 

Гостите уште по првото полувреме ја наговестија победата по кое имаа предност од 3-1, а во вториот дел избраниците на Шкумбин Арслани примија уште два погодоци за уште потежок пораз.

Овој меч доаѓа по контролните средби со Босна и Херцеговина во кои нашата селекција забележа еден пораз и една победа, а служат како подготовка за квалификациите за ЕП годинава.

Македонија за пласман на континенталниот собир ќе се надигрува со селекциите на Шпанија, Белгија и Бугарија.