Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 18 години запиша победа над Словачка во Теплице со 3-2  иако играше со играч помалку.

Победата  за Македонија  ја најавија  Бехар Фета и Лука Станковски со голови во 25 и 29 минута. Третиот гол е дело на Марио Илиевски кој влезе од клупата за резервни играчи, голот го постигна во 82 минута.

Македонија играше со играч помалку, црвен картон доби Максимов.

Македонија в сабота ќе игра со Унгарија за 3. место на меѓународниот турнир  „Вацлав Јежек“ во Чешка.