Поранешниот играч од младинската академија на Манчестер Сити, 17 годишниот Џереми Вистен вчера бил пронајден мртов.

Вистен на 13 години стигна во Сити важејќи за еден од најталентираните играчи. Сепак, тој не успеал да го искористи својот потенцијал и да се избори за позиција, па клубот неодамна одбил да му понуди договор.

Според шпекулациите објавени во дел од медиуми, талентираниот млад фудбалер извршил самоубиство откако паднал во депресија поради губење на местото во клубот.

„Манчестер Сити жали за веста за смртта на нашиот поранешен играч од Академијата Џереми Вистен. Сочувствуваме со семејството и пријателите. Нашите мисли се со вас во ова тешко време.“ – се огласија од клубот на Твитер.