Македонските навивачи тргнаа кон Националната арена Букурешт, а меѓу нив и најмладите Македонци кои ќе им дадат поддршка на репрезентативците. Тие сигурно ќе бидат и меѓу најгласните на стадионот и со најголема желба за победа против фаворизираната Австрија.

Македонските навивачи се главна тема во Букурешт, едноставно со песни и бакљи центарот обоен во боите на македонската репрезентација, со нетрпение се очекува почетокот на деби настапот.