Оле Гунар Солскјер ќе ги има на располагање, Пол Погба и Ромелу Лукаку за контролните натпревари на турнејата во Австралија.

Ова го потврдија од Манчестер Јунајтед со објавата на списокот од 28 играчи кои ќе бидат дел од подготовките ова лето во Австралија.

Меѓу повиканите е и Немања Матиќ кој исто така се поврзува со трансфер во Италија.

Првиот натпревар на турнејата Јунајтед ќе го игра против Перт Глори на 13 јули.