Во вчерашниот дуел од петтото коло во италијанскиот шампионат Милан на Сан Сиро ја победи Венеција, стигнувајќи го Интер на врвот на табелата.

Милан се мачеше, но на крајот сепак успеа да запише победа, а двата гола паднаа во второто полувреме.

Стрелци беа Брахим Диаз во 68-та минута и Тео Хернандез во 82-та.

Милан беше многу подобар, имаше шанси, но и промашуваше многу. Но кога Диаз го начна ривалот и го отвори патот кон победа, на клупата на Милан настана големо олеснување и голема радост. Посебно еуфорично го прослави повредениот Златан Ибрахимовиќ.