Илија Несторовски поради повреда ќе го пропушти ЕУРО, македонскиот напаѓач мораше „под нож“, се огласи на социјалните мрежи, доби силна поддршка од соиграчите и фудбалската федерација на Македонија.

„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“ – порача Нестор.