Поранешниот играч за врска на Барселона, Жефрен Суарез, потпиша за хрватскиот Славен Белупо.

На 32-годишниот Суарез последен клуб му беше грчкиот АЕК, а во Славен доаѓа како слободен агент.

Суарез со Славен Белупо потпиша договор во траење од 1,5 година.

Жефрен за Барселона играше на почетокот од својата кариера и за каталонскиот клуб одигра 34 средби во сите натпреварувања. Постигна три гола, а имаше и исто толку асистенции.