Аргенинскиот фудбалер Езекил Есперон трагично го загуби својот живот во текот на една забава во Буенос Аирес.

Есперон заедно со своите пријатели бил на журка на 6 кат од некоја зграда, од каде фудбалерот падна, откако оградата на која се наслонил се урнала. Тој починал во болницата Зубизарета во Буенос Аиерес. Полицијата ја истражува несреќата, но не верува дека се работи за насилна смрт.

23-годишниот Есперон во минатото го носеше дресот на бразилски Гремио, а во моментот беше дел од второлигашкиот клуб од Мексико Аталанте.