Има само 32 години, своевремено играше за Манчестер Јунајтед, Евертон, Антверпен, Вулверхемптон, Сандерленд и Виган, а сега потпиша за Солфорд од 4 дивизија.

Се работи за ирскиот играч за врска Дарон Гибсон, чија кариера подолго време се тркала надоле.

Со Манчестер Јунајтед ги освои Премиер лигата, светското клупско првенство и двапати англискиот Лига Куп. Одигра и 26 средби за репрезентација на Ирска и постигна еден гол.