Откако голот на Роналдо не беше признат па Португалија освои само бод на гостувањето кај Србија, на удар е главниот судија Макеле.

Португалските медиуми натпреварот во Белград го опишуваат како невиден скандал, судиска одлука која заслужува казна, разочарување …

„О Жого“ на насловната страница напиша „Скандал во Белград“, за „Рекорд“ во прв план е „Кражбата“ на главниот судија Дани Макели додека за „А Бола“ криви за се` се Португалците кои заспале и дозволиле изненадување.