Денеска е извршена ждрепката за новата сезона во Шпанската Примера Дивизија.Според неа сезоната ќе започне на 18 август,а ќе трае до 24 мај.

Фаворитите за титулата Барселона и Реал Мадрид првите натпревари ги играат на гостински терен.

Барселона гостува кај Атлетик Билбао додека Реал Мадрид ќе се сретне со Селта. Нашиот фудбалски репрезентативец Енис Барди и неговиот тим Леванте гостуваат кај Алавез.

Првото “Ел Класико” се игра во десетото коло, на 27 октомври каде Барселона е домаќин на Реал Мадрид.

Дуелот на “Сантиаго Бернабеу” според распоредот се игра на 1 март во рамките на 26 коло.