Најголемото светско фудбалско дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид од 10-то коло на Примера ќе се одигра на 18 декември во 20 часот. Ова денес го објавија од Шпанската федерација.

Натпреварот кој требаше да се одигра кон крајот на минатиот месец беше одлжен, поради немирите кои владееја во Каталонија. Мечот го исчекуваат сите љубители на фудбалот со нетрпение, но оние од Азија и САД нема да се задоволни поради терминот на одигрување, а тој е од 20 часот по средноевропско време. Првично мечот поради фановите ширум светот требаше да се игра во 13 часот.

Шпанските гиганти во моментот се наоѓаат на првите две места во Премиера, а тоа е уште еден предуслов за вистински спектакл на „Ноу Камп“.