Бранителот на титулата во вториот по реноме, фудбалски Куп во Англија, екипата на Манчестер Сити во четвртфиналето ќе игра против третолигашот Оксфорд Јунајтед.

Манчестер Јунајтед ќе се соочи со четвртолигашот колчестер Јунајтед, Ливерпул ќе и гостува на Астон Вила додека дербито ќе се игра на „Гудисон Парк“, Евертон ќе го дочека Лестер.

Четврт-финални двојки:

Оксфорд – Манчестер Сити

Манчестер Јунајтед – Колчестер Јунајтед

Астон Вила – Ливерпул

Евертон – Лестер