Холандија и Австрија веќе обезбедија по една победа во првото коло, против Украина со 3-2, односно Македонија со 3-1, а вечерва ќе се судрат во походот по втората победа која ќе гарантира пласман во нокаут фазата.

Селекторите излегоа со почетните состави, од кој може да се примети дека Холанѓаните нема да менуваат со формацијата , односно излегуваат со истите како и со Украина , додека пак Австрија се одлучи за промени , за разлика од мечот со Македонија.