Раководството на Премиер лигата објави дека последните две кола од сезоната ќе се играат со присуство на публика.

Тоа е добрата вест од Англија за навивачите, бројот ќе биде ограничен а гостински навивачи ќе нема. Според најавата, дополнително се очекува да биде соопштено колку гледачи ќе можат да бидат присутни на стадионите.

Последните две кола во ПЛ се играат на 18 и 19 мај, односно на 23 мај кога ќе се одигра последното коло.