Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски се наоѓа во животна форма сезонава, а награда за одличните настапи во Ријека дојде и од хрватскиот весник „Спортски новости“.

Имено, на последниот меч Ријека го совлада Осијек со минимални 1-0, а Велковски беше вистински „столб“ на одбраната за неговиот тим.

Ваквите игри на Велковски мора да го радуваат и селекторот Игор Ангеловски, кој со македонската репрезентација го очекува веројатно најважниот натрпевар во историјата против селекцијата на Косово, меч на кој со победа ќе бидеме на чекор до ЕП ова лето.