Денеска во Битола на Тумбе Кафе пријателско дерби одиграа Пелистер и Тиквеш, а тоа пријателство на дело го покажаа навивачките групи „Чкембари“ и „Лозари“.

На трибините на „Тумбе Кафе“ во натпреварот помеѓу Пелистер и Тиквеш видовме еден убав гест.

Двете навивачки групи „Чкембари“ и „Лозари“ навиваа заедно за Пелистер и Тиквеш. После натпреварот кој заврши без победник сите фудбалери застанаа пред навивачи и ги поздравија.