Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на БиХ, Емир Спахиќ со хеликоптер е транспортиран во Клиничкиот центар во Сараево од болницата во Требиње откако доживеа сообраќајна несреќа во која е тешко повреден.

Фудбалскиот сојуз на БиХ соопшти дека Спахиќ се наоѓа надвор од животна опасност и неговата состојба е стабилна, но ситуацијата опасна.

Од тамошното Министерството за внатрешни работи соопштиле дека околу 20 минути по полноќ е пријавено дека дошло до превртување на возило, марка Jeep Wrangler, при што повредено е едно лице.