ПСЖ го пречека Бордо во натпревар од 26. коло на Лига 1. На оваа средба фудбалерите на ПСЖ настапуваат во специјални дресови со кои и се изразува поддршка на Кина и нејзината борба против опакиот коронавирус.

На дресот пишува: Stay strong, China (Остани силна Кина)

Коронавирусот до овој момент уби над 2400 луѓе, а бројот на заразени е блиску до 80000.