Репрезентативецот на Коста Рика, Кејлор Навас сепак ќе биде ново засилување на ПСЖ. Ова го пренесуваат медиумите од Франција.

Во моменти кога на прво место се преговорите меѓу Барселона и ПСЖ околу најавениот трансфер на Нејмар, управата на шампионот на Франција успеа да се договори со Навас за негова преселба во Парис.

Сеуште нема потврда за тоа колку ќе изнесува трансфер оштетата а се очекува Навас утре да ги мине лекарските прегледи и да потпише три годишен договор.