Денеска во рамките на ПМФЛ се одигра 32.коло од фудбалскиот шампионат.

Дербито се одигра на стадионот во Ѓорче Петров каде се сретнаа Македонија Ѓ.П и новиот шампион екипата на Шкендија.

Во неизвесен меч и полн со возбудувања екипата на Шкендија ја однесе победата во натпреварот со дури седум гола.

Екипата на Шкендија поведе во 3.минута со голот на Ибраими , а истиот играч во 15.минута веќе зголеми на 2-0 за гостите и комотна предност.

„Лавовите не се откажаа во продолжението и со головите на Самир Фазли во 33.минута и Да Силва во 37.минута го израмнија резултатот и го однесоа на полувреме.

Во вториот дел Шкендија повторно дојде до предност со голот на Елези во 51.минута

Македонија напаѓаше , правеше шанси за израмнување,што резултираше со голот на Боби Божиновски во 83.минута за 3-3.

И кога сите мислеа дека дербито ќе заврши без победник во 92.минута Алими стрелаше за 4-3 и за победа на Шкендија.Сите промашувања им се удрија од глава на фудбалерите на Македонија ЃП, затоа што Алими изведе слалом во финишот по еден отворен простор  донесе триумф за Шкендија, со третиот погодок кој го постигна оваа сезона.

 

Академија Пандев направи голем чекор кон обезбедување опстанок без бараж во ПМФЛ, откако во третото градско дерби ја совлада Беласица со 0-2 (0-2). Дуелот од 32. коло на ПМФЛ на „Благој Истатов“ беше решен во раната фаза, со два брзи гола на фаворитот.

Струга успеа да го победи најтрофејниот македонски клуб Вардар  со голот на Марјан Алтипармаковски и сега е во позиција да игра во квалификациите за Европа Лигата а за Вардар ова значеше преселба во втора лига.

Екипата на Шкупи успеа да ја обезбеди Европската виза и со денешните 0-0 против Пелистер ја оствари зацртаната цел.

Борец извојува важна победа над Ренова со 2-0 , додека пак екипата на Работнички го совлада Силекс со 3-1 и ги остави кратовчани да стравуваат за опстанокот.