Екипата на ФК Работнички започна со составување на тимот за следната сезона во која се надеваат дека ќе се вратат на старите патеки. „Романтичарите“ денеска го продолжија договорот со Драган Стојков, кој дојде пред една година.

 

Стојков има богато интернационално искуство, настапувајќи за грчките клубови Егалео и Илисијакос, српските Јагодина и Напредак Крушевац како и струмичка Беласица.

Голем дел од кариерата мина и во Соединетите Американски Држави, каде беше член на ЛА Галакси, Инди и Сент Луис.