Македонија на Европското првенство добива поддршка од сите Македонци, последниве два дена многумина заминаа за Букурешт, а меѓу нив и неколку познати лица од државата.

Еден од нив е и капитенот на Вардар и ракометен репрезентативец на Македонија, Столе Стоилов, кој сигурно ќе биде голема поддршка за македонските фудбалски херои.

Македонија утре од 18 часот го отвора првенството против Австрија, во второто коло ќе се сретнеме со Украина, а последниот меч од групната фаза ќе го играме против Холандија.