Серхио Рамос се уште нема официјално објавено дека ќе го напушти Реал Мадрид по истекот на договорот на 30 јуни. Но, неговите последни активности на социјалните мрежи откриваат дека веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

По 16 години, се поизвесно е дека Рамос го напушта Реал Мадрид, а покрај Манчестер Јунајтед и Челси, сега во прв план е ПСЖ како следна дестинација.

Французите очигледно се обидуваат да ги искористат несогласувањата меѓу Рамос и претседателот Перез околу платата и траењето на договорот, а еден детаљ според пишувањата на медиумите открива дека искусниот стопер е повеќе од заинтересиран за нив.

Имено, Рамос на Инстаграм вчера го заследил Нејмар и уште неколку фудбалери на францускиот првак. Воедно коментирал и објави за успехот на екипата, а му честитал на Нејмар за продoлжениот договор.

Шпанските медиуми сметаат дека ваквото однесување на социјалните мрежи ги открива идните намери на Рамос.