Ралф Рангник за прв пат „снимен“ на „Олд Трафорд“, Германецот нема да биде на клупата на Јунајтед утре против Арсенал, се средуваат потребните документи за работната виза, во трка со времето се очекува да дебитира против Кристал Палас викендов.

Со доаѓањето на Рангник во Јунајтед, навивачите се надеваат дека Ерлинг Халанд би можел следното лето да потпише за клубот од Манчестер.

Јунајтед може да ја активира откупната клаузула од 63 милиони фунти за Норвежанецот, се очекува Рангник да биде клучен фактор во доведувањето на Халанд.