Соочувањето на Џенова и на Удинезе во недела во 11 коло од Серија А носи посебно возбудување за македонските навивачите на фудбалот од Италија.

Горан Пандев е најавен меѓу резервистите иако можно е во последен момент Мота и советниците да се предомислат и да го постават во почетните единаесет.

Илија Несторовски пак е дел од стартниот состав кој го прогнозира „Газета Дело Спорт“.

И двата тима во минатото коло беа поразени, Џенова загуби од Јувентус а Удинезе беше декласиран од Рома.