Саботниот вечерен термин на апенините е наменет за македонското дерби. Наполи по низата проблеми и бојкотот на фудбалерите денеска ќе истрча пред своите навивачи во пресметката со Џенова која под водство на Мота е сосема поразличен тим.

Елиф Елмас е најавен во почетните 11 на Карло Анчелоти на сметка на Руиз додека Пандев не е меѓу стартерите на Џенова, иако ова може да биде сменето судејќи според минатото коло и дуелот со Удинезе.

Наполи нема победа на последните три натпревари во Серија А додека Џенова на последните два со скор од четири порази и една победа на последните пет дуели.